Back to Search Start Over

Корелација помеѓу секреторен имуноглобулин А од мајчиното млеко и alpha glutathionе S transferase во серум кај доенчиња со акутен гастроентерит

Authors :
Dimitrovska Ivanova, Marija
Publication Year :
2020

Abstract

Акутниот гастроентерит е една од најчестите инфекции во детската возраст и посебно опасна може да биде во првите 12 месеци од животот со повисок ризик од умерена до тешка дехидратација, посебно кај доенчињата што не се на ексклузивно доење. Секреторниот имуноглобулин А (sIgA) е прва линија на одбрана на цревниот епител од патогени микроорганизми и интестинални токсини. Alpha glutathione S tansferase (α-GST) е високоактивен структурен ензим во интестиналните епителни клетки и е вклучен во врзување, транспорт и детоксикација на штетни супстанции преку нивно врзување за глутатион (GSH). Главната цел на оваа студија беше да се покаже дали мукозниот интегритет, мерен преку вредностите на sIgA во столицата, e заштитен фактор од епително оштетување, мерено преку вредностите на α-GST во серум кај доенчиња со акутен гастроентерит и нивната поврзаност со начинот на исхрана. Во студијата беа вклучени 58 доенчиња со акутен гастроентерит поделени во 4 групи според типот исхрана. Испитуваните индикатори беа тежината на симптомите, степенот на дехидратација и потребата од парентерална рехидрација. Нивоата на sIgA во столица и α-GST во серум беа испитани и е направена нивна споредба помеѓу групите. Во оваа студија се докажа дека sIgA во столицата е позитивен кај сите доенчињата до 6-месечна возраст, кои се на ексклузивно доење, и кај доенчињата од 7 до 12-месечна возраст кај кои и покрај воведувањето на комплементарната храна е продолжено со доењето. Кај доенчињата кај кои доењето беше неекслкузивно и кај тие од 7 до 12-месечна возраст sIgA во столицата во поголем процент беше негативен. Присуството на sIgA во доенечките црева имаше влијание врз тежината на клиничката слика на акутен гастроентерит и тоа преку: намалување на фреквенцијата на повраќање, намалување на бројот и тежината на дијарејалните епизоди, го намалува ризикот за појава на умерена и тешка дехидратација, ја намалува фреквенцијата на покачена температура. Најчест предизвикувач на акутен гастроентерит кај доенчињата во оваа студија беше ротавирус (Rotavirus). Во истражувањето се покажа дека за првите две групи како и за вторите две групи постои сигнификантна статистичка асоцијација помеѓу припадност во групата и вредностите на α-GST во серумот. Се докажа статистички сигнификантна разлика за вредностите на α-GST во серум меѓу ротавирус позитивните и ротавирус негативните доенчиња. Во студијата се покажа дека sIgA во столицата негативно корелира со α-GST во серум за p= 0,002. Доенчињата што имаа повисоки вредности на sIgA во столица имаа пониски вредности на α-GST во серум, а со тоа и полесна клиничка слика. Од добиените резултати во оваа студија, со релевантни и недвосмислени показатели се покажа дека мајчиното млеко не е само извор на енергија, туку е мошне сложена динамичка биолошка течност, која има заштитна и имуномодулаторска улога. Токму поради тоа доењето е многу значајно особено во првите две години од животот на детето, бидејќи мајчиното млеко обезбедува високи концентрации на sIgA, кој го заштитува цревниот епител на доенчињата од оштетување при присуство на ентерични патогени, како што во овој случај го заштитува од оштетување, предизвикано од ротавирус акутен гастроентерит.

Subjects

Subjects :
Clinical medicine

Details

Database :
OpenAIRE
Accession number :
edsair.od......2788..b5f360e104ee4114eb97d46ae0b020d1